Арчелор Митал доби дел од побарувањата по основ на ДДВ

Bez autora
Oct 09 2012

Компанијата Арчелор Миталл - Македонија, неколку недели по најавата за повратот на ДДВ, доби дел од побарувањата по овој основ. Генералниот директор Хуан Педро Хименез Наваро изразува задоволство од владината мерка и очекува дека до ноември да им бидат исплатени сите побарувањата. Арчелор Митал е задоволен со мерката што ја донесе Владата пред неколку недели и веќе имаме поврат на ДДВ во износ од 1,7 милиони евра во текот на овој месец. Работите одат во вистинска насока. Се уште имаме ДДВ кој што треба да се врати. Владата ни вети дека целиот поврат на ДДВ ќе биде завршен во текот на ноември и ние го почитуваме тоа. Според него, ова е од голема важност за компанијата, бидејќи со средствата многу полесно ќе ја завршат годината, бидејќи како што појасни, е период кога има многу малку залихи.

Арчелор Митал доби дел од побарувањата по основ на ДДВКомпанијата Арчелор Миталл - Македонија, неколку недели по најавата за повратот на ДДВ, доби дел од побарувањата по овој основ.

Генералниот директор Хуан Педро Хименез Наваро изразува задоволство од владината мерка и очекува дека до ноември да им бидат исплатени сите побарувањата.

- Арчелор Митал е задоволен со мерката што ја донесе Владата пред неколку недели и веќе имаме поврат на ДДВ во износ од 1,7 милиони евра во текот на овој месец. Работите одат во вистинска насока. Се уште имаме ДДВ кој што треба да се врати. Владата ни вети дека целиот поврат на ДДВ ќе биде завршен во текот на ноември и ние го почитуваме тоа - изјави Наваро.

Според него, ова е од голема важност за компанијата, бидејќи со средствата многу полесно ќе ја завршат годината, бидејќи како што појасни, е период кога има многу малку залихи.

- Многу е тешко за сите нас во текот на криза. Количините се помали и цените на челикот се намалени и тоа не стави во тешка ситуација. Меѓутоа со новата инвестиција која што ја промовиравме минатата недела ќе се обидеме да ја компензираме загубата што се јави поради ниските цени - истакна Наваро.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik